Logo

Новости

Целокупниот тим на „Систина офталмологија“, предводен од д-р Златко Арнаудовски ќе направи се за да ја освари најголемата желба на младиот и талентиран пејач, дел од „Златно славејче“, Виктор Тошевски, кој е целосно слеп. Очната клиника ќе се погрижи околу прегледите и доколку постои и најмала шанса, надеж да прогледа, ќе го обезбеди неговото понатамошно лекување. Ова е веројатно најубавиот можен подарок кој младиот Виктор можеше да го посака, а неочекувано го доби на сцената на Новиот театар, каде што во петокот се одржа промоција на новото ДВД издание на фестивалот за деца „Златно славејче 2013“.

На 8-ми Ноември, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид го одбелжа својот патронат.

На прославата дечињата ги покажаа своите таленти во музика и глума. На прославата присуствуваше и Др. Златко Арнаудовски, директорот на очната болница Систина Офталмологија, кои во континуитет со донации ја помагаат работата на ова училиште. Имено минатата година Систина Офталмологија донираше штампач за подготвување и пишување на материјали со Брајово писмо и потребен потрошен материјал, а со донации продолжува и оваа година.

Под покровителство на Граѓанското здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!„ во пресрет на 12-та есенска акција, Др. Златко Арнаудовски, мед. директор на Систина Офталмологија зема активно учество во промовирање и реализирање на ексклузивната идеја со оригинален зафат – секој граѓанин на земјата да засади по едно дрвце – и тоа во само еден ден.

Последната новина, што ја воведовме, беше операцијата на катаракта со вградувањето еден нов вид на Торични интраокуларни леќи, со кои што со еден хируршки зафат истовремено го решивме старечкото перде и корнеален астигматизам кај пациентот (неправилната закривеност на роговицата која се корегира со носење на очила со цилиндрични стакла). Ова е идеалното решение за видот на оваа специфична група на пациенти.

Првиот приватен центар за катарактна хирургија и витректомија, секоја сабота во текот на месец ноември ќе врши бесплатни прегледи за дијабетичари

По повод Светскиот ден на дијабетичари,14 ноември, Систина Офталмологија во текот на месец ноември ќе спроведе хуманитарна акција со што ќе им се овозможат бесплатни прегледи на дијабетичарите. Сите заинтересирани пациенти потребно е претходно да се јават и да го закажат својот саботен преглед во периодот од 1 до 30 ноември, од 9-14 часот.

Презентации

Систина Офталмологија во соработка со Црвениот крст на Р. Македонија во текот на месец јули во градовите Битола, Тетово, Дебар, Охрид, Струга и Гостивар ќе продолжи со и со своите активности наменети за граѓанит :бесплатни стручни консултации со медицинскиот тим на клиниката како и мерење на очен притисок. Целта е да се подигне нивото на информираност на граѓаните за здравјето и очите и да се прдочи важностана превентивата и неговата заштита.

Во јуни годинава, Систина Офталмологија одбележа 2 години од своето отворање и успешно работење остварувајќи ја својата визија: врвни стандаради и услуги во офталмохирургијата и многу задоволни пациенти.

По повод својот јубилеј Систина Офталмологија на Училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, донираше финансиска помош во висина од 1000 еур, која ќе се искористи за набавка на Брајов апарат нужно потребни на центарот. Донацијата беше примена од страна на директорот на училиштето г-дин Лазе Трпчевски.

На почетокот на годината ПЗУ „ СИСТИНА ОФТАЛМОЛОГИЈА“, го организираше првиот офталмолошки симпозиум, организиран од приватна клиника. Стручниот семинар беше на тема „ Актуелни прашања и проблеми на интервенциите на катаракта, витректомија и аблација во Република Македонија“, кој се одржа на 17 и 18 март 2012 во хотел „Метропол“, Охрид, и на кој земаа учество 60 офталмолози од јавното и приватно здравство од РМ.