Logo

Новости

     На 15 октомври, Систина Офталмологија во ТЦ Зебра реализираше хуманитарна активност со бесплатно мерење на очниот притисок како битен параметар за состојбата и здравјето на окото. Заинтересираните граѓани кои се одзваа во голем број (околу 120) добија и бесплатни совети од др. Мирјана Саздовска и др. Фанка Гилевска. Голем интерес беше покажан и за ласерската корекција на диоптрија, како и за вградувањето на мултифокалните леќи после кои можете да ги фрлите очилата и леќите.

     Др. Виолета Бучкоска во Свјетлост Загреб со светскиот витреален хирург Карл Клас

     Систина Офталмологија и Свјетлост од Загреб во рамките на своето стратешко партнерство воведуваат нови посовремени методи во витроретиналната хирургија. Имено, од 02.10 до 03.10 оваа година, Др Бучковска престојуваше во Загреб каде заедно со своите колеги присуствуваа на презентацијата и примената на нови оперативни техники и методи на задниот сегмент на окото, од страна на врвниот светски витрален хирург проф. Карл Клас од Белгија.

     Во септември оваа година во Белград се одржа XVI – от Конгрес на Офталмолози на Србија, на кој присуствуваше д-р.Мирјана Саздовска од Систина Офталмологија. Конгресот каде присуствуваa повеќе од 200 офталмолози од регионот и Европа, годинава за централна тема ја имаше Crosslinking методата во третманот на кератоконусот.

20 лица успешно ја отстранија својата диоптрија и засекогаш се ослободија од очилата и леките. Овие ласерски операции беа изведени во текот на вчерашниот ден во специјалната очна болница „Систина Офталмологија“. Д-р Габриќ, хирург од клиниката Свјетлост во Загреб, кој ги изврши овие операции вели дека пациентите веднаш по операцијата можеле да читаат 100 посто.

Почитувани,
Универзитетската Клиника *Свјетлост* од Загреб и Специјалната очна болница “Систина Офталмологија” потпишаа Договор за стратешко партнерство, за територија на Република Македонија, и пошироко за регионот. Потпишувањето на овој договор е логичен след на досегашната соработка меѓу двете болници, и позитивниот развоен тренд, и очекувањата и потребите на пациентите на пазарот на офталмолошки услуги во земјата и регионот.

Стручниот тим на Систина Офталмологија  и Универзитетската клиника Свијетлост од Загреб, во Македонија ја носат новата ласерска технологија за отстранување на диоптријата, а со неа и повеке од 18 годишното искуство на ова поле, на тимот експерти од Клиниката Свјетлост со над 50 000 успешни операции, а кои се предводени од Проф.Др.Сц. Никица Габрич, кој го направи првото ласерско отстранување на диоптријата во поранешна Југославија. Оваа операција во светот се изведува веке 30 години и преку 40 милиони луѓе го имаат направено овој зафат.

Офталмолозите на Систина Офталмологија на осмиот меѓународен симпозиум на фондацијата "Национална академија за глауком"

По повод Светскиот ден на видот, 9 Октомври, во Систина Офталмологија бесплатно се оперираше пациентката Богоевска Горица која поради долгогодишен инвалидитет, тешкото животно секојдневие и' беше по отежнато по појавувањето на катаракта (перде) на очите. Операцијата на пациентката и' беше повеќе од неопходна за обавување на секојдневните обврски, читање, пешачење, гледање телевизија. Токму поради тоа Систина Офталмологија повторно ја покажа својата хуманост со овозможување на бесплатна операција.