Logo

Новости

Повеќе од 200 гости присуствуваа на регионалниот Симпозиум на офталмолози „Новитети во офталмологијата“ кој се одржа во саботата (05.11.2016) во хотел “Мериот” во Скопје. Симпозиумот, кој беше во организација на очната клиника Систина Офталмологија под покровителство на универзитетската клиника Свјетлост од Загреб, на едно место соедини офталмолози од Македонија, Косово, Србија, Хрватска. Oфталмолозите од регионот имаа можност да разменат искуства и да дознаат повеќе за новитетите во офталмологијата и нивната примена од страна на врвни специјалисти.

Симпозиумот на офталмолози ќе се одржи на 5 ноември, сабота, потврдува Лекарската комора на Македонија, која го акредитираше овој стручен собир

Систина Офталмологија и тимот на универзитетската клиника Свјетлост, Загреб присуствуваа на 34-тиот Конгрес на Европското друштво на катаракни и рефрактивни хирурзи (ESCRS) во Бела Центар во Копенхаген. Овој конгрес е еден од најважните офталмолошки настани кој ги соединува на едно место и овозможува размена на знаење и искуства меѓу очните експерти. Од 10 до 14 септември 2016, земаа учество повеќе од 10.000 офталмолози и офталмохирурзи од Велика Британија, Шпанија, Индија, Јапонија, Колумбија, Франција, и др. меѓу кои реномирани имиња како проф. д-р. Фајфер и проф. д-р Клаус.

Тимот на Систина Офталмологија и оваа година активно учествуваше на XVII–иот Конгрес на офталмолози на Србија кој се одржа од 4 јуни до 7 јуни во Белград. Овој конгрес е еден од најмасовните во регионот со учество на 500 офталмолози од светот, како и 20 предавачи од 16 држави, на кој беа опфатени проблематики од областа на катарактна хирургија, рефрактивна хирургија, терапија анти-VEGF и др., во кој Систина Офталмологија покажува напредок и исклучително позитивни резултати..

Со отворањето на Одделот за рефрактивна хиругија, Систина Офталмологија заедно со универзитетската клиника “Свјетлост” од Загреб, успешно обавува интервенции за корекција на диоптрија, повеќе од една година. „Свјетлост“ е првата клиника во Хрватска која започна да работи ласерско отстранување на диоптрија уште пред 18 години и до сега оперирала преку 50.000 очи.

На 22.04.2016 во Скопје, беше одржан првиот стручен состанок на Здружението на офталмолози на Република Македонија, на којшто беа презентирани и дискутирани искуствата и мислења од офталмолози од државни и приватни медицински установи, на тема: "ФАКО-хирургија на катаракта - предизвици и компликации".

На XI-тиот Конгрес за катаракта и рефрактивна хирургија кој се одржа на 24 октомври 2015 во Загреб, Др. Фанка Гилевска доби наградата за најдобар млад офталмолог за својот научен труд ЛАСИК – Први искуства, во конкуренција од 17 учесници од Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина. На своето предавање таа ја презентираше тримесечната работа на Одделот за рефрактивна хирругија во Систина Офталмологија и првите постоперативни резултати на пациентите на кои им е направена ласерска корекција на диоптрија, следејќи го движењето на нивната видна острина од првиот па се до 30 - тиот постоперативен ден.

     Врвниот тим на Систина Офталмологија беше поканет да присуствува на овогодинешниот XI ти по ред Конгрес на Хрватското друштво за катаракта и рефрактивна хирургија, кој се одржа на 24 октомври 2015 година во Загреб и на кој учество земаа повеќе од 300 офтамолози од Хрватска и регионот, како и предавачи од цела Европа и САД. На конгресот беа претставени новитети од областа на Катарактата и рефрактивната хирургија, Рожница (корнеа) и рефрактивна хирургија, Медицинска и Хируршка Ретина, Глауком – дијагноза и терапија.