Logo

Новости

На почетокот на годината ПЗУ „ СИСТИНА ОФТАЛМОЛОГИЈА“, го организираше првиот офталмолошки симпозиум, организиран од приватна клиника. Стручниот семинар беше на тема „ Актуелни прашања и проблеми на интервенциите на катаракта, витректомија и аблација во Република Македонија“, кој се одржа на 17 и 18 март 2012 во хотел „Метропол“, Охрид, и на кој земаа учество 60 офталмолози од јавното и приватно здравство од РМ.

Организацијата на семинарот беше во рамките на „Неделата на глаукомот“ a свое излагање на оваа тема за време на семинарот имаа:

  • Д-р Виолета Бучкоска Николоска на тема “Индикации за витректомија”
  • Д-р Билјана Костовска на тема “Биометрија и ехографија како стандарден предоперативен протокол„
  • Д-р Златко Арнаудовски на тема „ Факоемулзификацијата- како да ја разбереме вистинската леќа и зошто?„
  • проф. д-р Весна Димовска Јорданова, претседател на Здружението на офталмолози на РМ на тема: “Не дозволувајте Глаукомот да ви го затемни животот”.

Поводот за организација на семинарот беше потребата за обединување на знаењето, новите технолигии и медицинската офталмолошка пракса, меѓу офталмолозите од Република Македонија.На тој начин се очекува зајакнување на комуникациската мрежа која ќе обезбеди квалитетен и навремен прием и третирање на пациентите кои имаат проблеми со очите и видот, како и нивна едукација за превенција на болестите.

{gallery}novosti/simpozium{/gallery}