Logo

Новости

Сонце, лето, плажа. Многу убавини околу нас кои вреди да се видат како што им доликува! Летен попуст на ласерската корекција на диоптрија, 450 евра од око. Закажете преглед за ласерска корекција до 31.07.2018 и добијте 50% попуст и на прегледот. Ние ви овозможивме, ваше е да резервирате термин ???? Нека очилата за сонце бидат единствените очила со кои ќе гледате ова лето!

Сите интервенции кои се вршат во „Систина Офталмологија“ вклучувајќи ги и ласерската корекција на диоптрија, имплантација на леќи, операција на катаракта, имате можност да ги плаќате до 24 рати без камата!

Поради проширување на својот тим, специјализираната офталмолошка клиника „Систина Офталмологија“ Скопје, објавува оглас за вработување на:

ДОКТОР

Во петок, на 09.03.2018 година, тимот на КК „Пелистер“ – Битола го посети нашиот дијагностички центар во Битола!

Во сабота, 10.03.2018, се одржа 13-от Конгрес на Хрватското друштво на катарактни и рефрактивни хирурзи во хотел „Шератон“ во Загреб подржан од нашата партнерска клиника „Свјетлост“ Загреб. Оваа година беше организиран еднодневен конгрес на кој беа претставени искуствата во досегашното работење, како и иновациите во областа на рефрактивната хирургија, катаракта, глауком, ретина и др. Присуствуваа 300 домашни и странски офталмолози.

На 23.02.2018 година, клиника „Свјетлост“ од чија групација е „Систина Офталмологија“ одбележа 20 години од своето работење во Загреб. На свеченоста присуствуваа повеќе од 700 гости, меѓу кои и претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар Китарович, претседателот на Црна Гора Филип Вујанович, потпретседателот на хрватскиот парламент Милијан Бркич, министерот за здравство Милан Кујунџица и претставник на Претседателството на Босна и Херцеговина Рад Бошњак.

На 01 декември 2017 год., во палатата на Хрватската академија за науки и уметност, во Загреб беше одржан меѓународниот симпозиум „Новитети во офталмологијата“ на кој учествуваа д-р Златко Арнаудовски, д-р Билјана Костовска и д-р Мирјана Саздовска. Домаќин на симпозиумот е нашиот партнер, спец. очна клиника „Свјетлост“ во соработка со Одделот за медицински науки на ХАНУ.

И оваа година, „Систина Офталмологија“ во соработка со универзитетската клиника „Свјетлост“, Загреб, го организираше II-от симпозиум „Новитети во офталмологија“, кој беше одобрен од Лекарска комора на Македонија. Симпозиумот се одржа во конференциските простории на хотел „Мериот“ во Скопје, на 04-ти Ноември.