Logo

"Домаќинските работи ги правам со леснотија без очилата!"

Најголем дел од денот го поминувам дома, извршувајќи ги домаќинските работи. Очилата ми пречеа бидејќи, на пример, додека готвев ми се замаглуваа стаклата, морав цело време да ги бришам, син ми честопати знаеше да ги искриви. Со сопругот честопати пешачиме на дожд, но наместо уживање, ми претставуваше мака, бидејќи постојно морав да ги бришам стаклата од капките. Нервозата која ја чувстував поради очилата се зголемуваше, веќе ми пречеа во секојдневието и поради тоа се одлучив да направам ласерска корекција на диоптрија.

Имав чувство дека додека чекав да почне ласерската корекција, таа заврши. Се’ се одвиваше брзо и едноставно. Ме воодушеви професионалноста на докторите со кои бев во постојана комуникација за секој следен чекор. Се чувствував сигурно во нивни раце бидејќи веднаш ме освоија со стручноста и љубезноста.

По интервенцијата, целосно ми се олесни животот. Домашните обврски ги извршувам без нервоза, а времето поминато со синот и сопругот сега ми е попријатно од кога и да е. Им препорачувам на сите оние кои носат очила, да закажат преглед во Систина Офталмологија.