Logo

“Од естетски причини ја направив ласерската корекција на диоптрија!”
Пред 5 години ми одредија диоптрија, но не сакав да носам очила, кон нив имав одбивност од естетски причини, иако навечер кога возев автомобил, имав потешкотии со видот и не гледав чисто. Ласерската корекција на диоптрија сакав да ја направам уште зимата, меѓутоа на многу кратко време бев дојден во Македонија бидејќи живеам во Холандија, па затоа решив сега, кога сум на подолг одмор тука, да се ослободам од диоптријата. Иако пред интервенцијата, доктoрите детално ми објаснија се’ поврзано со неа, сепак бев скептичен, мислев дека ќе треба да носам завои и дека нема веднаш да можам јасно да гледам. Меѓутоа, се’ се одвиваше брзо, лесно и едноставно. Следниот ден, излегов на домашната тераса и не можев да поверувам дека јасно гледам се’ околу мене. Немам никаква носталгија спрема очилата за вид, драго ми е дека се ослободив од нив.