Logo

“Храброста ми ја отвори врaтата на свет без очила!”

Играњето кошарка и фудбал беше се’ само не уживање бидејќи постојано внимавав да не ги скршам очилата. Не сакав да носам леќи, а очилата веќе почнаа да ми пречат и од естетски аспект и поради тоа што не можев релаксирано да спортувам.
Веќе 10 години бев роб на очилата, а кога во ТЦ City Mall ми поделија флаер за ласерска корекција на диоптрија, знаев дека сега е вистинскиот момент да го направам тој чекор. Без многу размислување, веќе следниот ден закажав ласерски преглед. Почувствував страв, но набрзо го снема бидејќи знаев дека сум во сигурни раце на искусен и професионален тим.
Лесно и за миг исчезна диоптерот од -3,25 кој го имав пред ласерската корекција на диоптрија.
Можам да кажам дека сум презадоволен од тимот на Систина офталмологија. Вложив, но и добив услуга каква што очекував од ваква реномирана клиника. Сите вработени се толку љубезни, што навистина направија пријатно да се чувствувам. Им благодарам за се’.