Logo

Моментот кога се одлучив да ја направам ласерската корекција на диоптрија, беше кога веќе морав да носам очила за да можам да функционирам како што треба. Иако не гледав добро, сепак не ги носев редовно и тоа особено ми создаваше тешкотии во мојата работа, како и во секојдневните активности, особено при возење. Отсекогаш сум преферирала да одам кај најдобрите, и затоа се одлучив да ја направам интервенцијата во Систина Офталмологија и тоа на денот на мојот роденден! Она што најмногу ми остави впечаток освен гостопримливоста и пријатниот тим, беше точниот тајминг на прегледот и интервенцијата. Прегледот требаше да трае 2 часа и навистина беше така, а интервенцијата траеше само 5 минути! По интервенцијата, мојот вид е одличен и особено водам грижа за постоперативниот третман, бидејќи знам колку е важен. По само 3 дена, јас се вратив на работните обврски без никаков проблем. Јас сум презадоволна од резултатите, а мојата мајка е пресреќна што не морам повеќе да ги носам очилата!