Logo

„Долги години се справував со кратковидоста, а со текот на годините и одблиску почна да ми ослабува видот, па бев принуден да користам очила како за далеку, така и за блиску. Секој што го има истиот проблем знае колку е исцрпувачко и фрустрирачко чувството постојано да зависиш од очилата. Морам да признаам дека во почетокот бев делумно скептичен, но од првиот контакт со д-р Билјана Костовска веднаш станав сигурен дека морам да ја направам интервенцијата. Целото искуство беше безболно и брзо. Првото прашање што ми го поставија докторите по интервенцијата беше колку е часот, а леснотијата со која ги фокусирав стрелките беше незаменливо чувство, едноставно не ми се веруваше дека за толку кусо време и на толку едноставен начин работите драстично се сменија.“