Logo

По ласерската корекција на диоптрија, се чувствувам опуштено и ослободено затоа што не морам да носам очила повеќе! Најмногу ми пречеа кога имав дополнителна активност на настап: кревање на очилата на место... Единствени добри очила кои навистина беа погодни за мојата диоптрија ми беа од Њујорк, но успеав да ги скршам и нив, и кога направив преглед ми беше констатиран некаков си проблем со ретината. Не бев сигурен во таа дијагноза и дојдов во Систина Офталмологија на второ мислење и на прегледот се покажа дека се е во ред со моите очи и дека можам да ја направам интервенцијата. Моето искуство во оваа клиника накратко би го опишал: стручноста и приемот од персоналот влева доверба и секој повод за посета го чини пријатен!