Logo

"Со ласерската корекција ги решив диоптријата и цилиндерот!"
Леќите ми претставуваа голема обврска, не водев хигиена за нив, честопати заспивав со нив. Цело време ги мислев, ќе се случеше да ми паднат, да ми се изгубат, а бидејќи најголем дел од денот поминувам пред компјутер, многу ми се сушеа очите. Бев запознаена со ласерската корекција на диоптрија бидејќи брат ми ја направи пред еден месец и ми ги пренесе позитивните импресии од истата. Без двоумење одлучив дека е вистинско време и јас да се ослободам од леќите. Интервенцијата се одвиваше многу брзо и едноставно. Со целиот медицински тим бев во постојана комуникација, така што не почуватвував никаков страв. За мене битно е што заедно со диоптријата ми се изгуби и астигматизмот, односно цилиндерот. Сега, откако гледам чисто, насмевката од лицето не ми се симнува, а на моменти се' уште не ми се верува дека диоптријата која за мене беше животен проблем, ја решив засекогаш.