Logo
Magdalena Bakraceska

Ја направив ласерската корекција на диоптрија поради тимот!

Презадоволна сум од Систина Офталмологија, кај и да одам ве зборам! Сите се фантастични,  вистински ангели! Ја направив ласерската корекција на диоптрија баш поради тимот! Прекрасен спој на доктори и медицински лица кои се професионалци во тоа што го работат. Скоро целиот живот носам контакни леќи бидејќи имам диоптер -6, a за очила во ниеден случај не помислував, затоа што стаклата на таа диоптрија се дебели и тешки.

Од контакните леќи често ми беа суви очите, и ми се јавуваше црвенило. Работам во банка и навистина е тешко да работиш со бројки кога очите ти се на пола копје. По интервенцијата, видот ми е совршен и едвај чекам син ми да наполни 18 години за да може и тој да се ослободи од очилата, и да ужива во младоста без диоптрија!