Logo

"Поради одличните критики и најновата ласерска технологија дојдов од Амстердам овде да се оперирам!"
Уште додека бев во средно училиште ми одредија диоптрија, така што носев очила и леќи. Потоа носев само леќи, кои последниве неколку месеци ми создаваа проблем бидејќи ми се појави инфекција. Купив нови леќи, но инфекцијата не поминуваше, а тоа многу ми пречеше во секојдневниот живот, посебно во работата бидејќи сум пред компјутер цел ден. Бидејќи живеам во Амстердам, моите родители ми кажаа дека во Систина Офталмологија се прави ласерска корекција на диоптрија, па одлучив специјално за тоа да дојдам во Македонија и да ја направам интервенцијата. Се' ми беше детално објаснето, за мене многу битно беше што тимот е професионален, но и создаде пријателски однос со мене, затоа немаше простор за страв. Сега гледам чисто, плус инфекцијата која ја имав се смири. Во Амстердам ќе се вратам со нов елан и многу посреќен од порано.