Logo
Ljubica Galeva

Неверојатно е чувството да се види светот без очила...

Носам наочари од 2003 година кога на прегледот ми потврдија дека освен миопија имам и астигматизам кои многу повеќе ми пречеше од самата миопија. Поради астигматизмот (цилиндер) ми беше препорачано да не носам леќи, туку очила и со нив се адаптирав на сите ситуации каде истите ми пречеа, но сепак станаа дел од мене. Гледајќи од друг агол дека се може и без нив за мене стана предизвик! Извесно време проучував за третманот со EXCIMER LASER, морам да ве пофалам и за вашиот вебсајт преку него во детали разбрав за процедурата, подготовките и закрепнувањето, а особено ми помогнаa изјавите на вашите пациенти (мои колеги) кои од различни причини се одлучиле да ја направат оваа интервенција кај вас. Несебично е да го споделам моето искуство со вашиот прекрасен тим кој ми пружи вистинска доверба и сигурност. Немам зборови со кои можам да го опишам моето чувство на среќа, на ослеснување, ништо не ме боли, немам ни главоболка, се чувствувам енергично. Долги години сум ваша пациентка и уште еднаш ми потврдивте дека имав право.