Logo

Јас толку долго имам проблеми со видот што дури имам заборавено како се гледа добро. Седев на еден метар од телевизорот, не можев да ги видам чашите на масата, да си ги препознаам соседите што поминуваа покрај мене. На реклама слушнав за Систина Офталмологија и катаракта со фако метода и различни типови на леќи. Веднаш дојдов.
Операцијата траеше само неколку минути, а јас веднаш по неa, во болничкиот апартман си ја гледав репризата на мојата омилена турска серија. Сега живеам поквалитетно и посреќно со моите внучиња, и да знаев колку е брзо и безболно, немаше толку да се плашам, ќе се оперирав многу порано. Презадоволна сум од сите во Систина Офталмологија и од срце ви ги препорачувам. Мене ми помогнаа, не се плашете и не чекајте, решете ги побрзо проблемите со видот.

Операцијата на катаракта се прави еднаш во животот. Размислете добро каде ќе ја направите и каква леќа ке ставите во вашето око.