Logo

„Јас НАВИСТИНА гледам! Гледам! Знаете ли во колкаво неверување сум сè уште? Дојдов на гости во Скопје од Австралија и затоа што сум авантурист по природа, кога дознав за ласерската корекција на диоптријата – решив да се ослободам за секогаш од очилата кои толку многу ми пречеа. Очекував подобрување, но да бидам искрен – до овој степен не. Кога излегов од болницата, бев пресреќен што гледам. Ми кажаа дека видот во наредните денови сè уште ќе ми се изоштрува и полека ќе се стабилизира. Мислев дека не може да гледам подобро, но се случи и тоа. Бистрењето на видот е до таа мера што не ми се верува. Едноставно – не ми се верува!“