Logo
Igor Veljanovski

Кога дознав дека постои можност да ја остранам диоптријата со ласерска операција, веднаш решив да се ослободам од моите очила. Од страна на докторите и тимот на Систина Офталмологија ми беше детално објаснет целиот процес и можните постоперативнати реакции на окото како солзење и мало пецкање, што се сосем нормални и траат многу кратко. Ги имав тие симптоми само на почетокот, но веќе наредниот ден видот стануваше се појасен и појасен. Прв пат бев во ситуација каде јас сум пациентот кој треба да се оперира и искрено како пациент е потешко, но целиот тим на Систина Офталмологија ти влева самодоверба, чувство на сигурност и едноставно се препушташ бидејќи знаеш дека си во сигурни раце. Моето искуство го споделувам со сите и топло ви ја препорачувам Систина Офталмологија.