Logo
goran_dimov

Успешната ласерска корекција на мојот пријател ме доведе во Систина Офталмологија...

Во Систина Офталмологија дојдов по препорака на еден мој драг пријател кој ја направи ласерската корекција на диоптрија и беше многу задоволен. Освен мојата диоптрија која е -3.25, дополнителна причина да ја направам оваа интервенција е што често ми беа црвени и суви очите поради контакните леќи особено по напорна работна недела. Ги знаев сите детали поврзани со ласерската корекција и знаев дека ќе трае пократко од 10 минути. Верував во тимот и бев многу самоуверен дека се ќе биде како што треба, бидејќи пример за успешноста на интервенцијата е мојот пријател. Тимот беше одличен во секое време и секако би ве препорачал бидејќи навистина сте најдобри и ги исполнувате сите очекувања.