Logo
Filip Josimovski

Пред да дојдам за ласерската корекција на диоптрија знаев што ме очекува. Кога ме внесоа во операционата сала имав некој страв, но бев пречекан од полна соба насмевки и се опуштив.. Не се сеќавам да сум гледал вака, навистина не е исто. Уште пред да станам од операциониот стол, можев да гледам!. Кога дојдов во Систина Офталмологија, увидов што всушност значи очен преглед и дека сум одел на погрешни места за проверка на мојата диоптрија. Она што посебно ми значеше е што при предоперативниот третман, а потоа и постоперативно бев прегледуван од 3 различни доктори кои независно еден од друг, ми го дадоа истото мислење поради што знаев дека сум во сигурни раце. Им препорачувам на сите кои имаат проблеми со својот вид да одат на преглед исклучиво во специјализирани очни клиники.