Logo

Вистинска среќа е кога ги гледам јасно насмеаните лица на сопругата и детето Уште од 1990 година носев очила за вид и буквално не можев никаде да одам без нив, а посебно ми пречеа кога пуштав музика по локалите бидејќи ми се замаглуваа, исто така кога пливав морав да ги носам, а сето тоа ми создаваше нервоза. Во Систина Офталмологија направив преглед за ласерска корекција на диоптрија по препорака на пријателка на кој се покажа дека имам дегенерација на ретина. Поради таа состојба, во тој период не бев кандидат за ласерската корекција на диоптрија. Состојбата ја третиравме со ласерска фотокоагулација и по една година, на контролата ги исполнив сите критеруми за интервенцијата. Кога излегов од сала ги видов насмеаните лица на сопругата и детето и тогаш почувствував вистинска среќа! На сите оние кои носат леќи или очила им препорачувам да ја направат ласерската корекција на диоптрија бидејќи тогаш вистински ќе прогледаат.