Logo
Fatmir Sadiku

Главоболката ми мина откако ја направив ласерската корекција на диоптрија...

Како и многу други, поради мојата амблиопија имав многу честа главоболка која многу ми пречеше апсолутно во се. Не сакав да носам очила или леќи и поради тоа си закажав преглед за ласерска корекција на диоптрија за да проверам дали сум кандидат за интервенцијата. На самиот преглед ми беше потврдено дека мојата диоптрија е стабилна и моето око е здраво, кои се најважниte предуслови за да можам да ја направам интервенцијата. Ласерската корекција траеше многу кратко и беше сосем безболна, се се одвиваше како што ми беше кажано на самиот преглед. Тимот целосно ми се посвети и беше многу позитивен и ведар во секое време, што многу ми значеше, а најмногу од се што ми беа целосна поддршка. На сите кои сакаат да фунцкионираат со леснотија, без очила и леќи, им препорачувам да ја направат интервенцијата.