Logo
Fanija Stankovska

Се одлучив за ласерска корекција на дипотрија бидејќи 11 години чувствував агонија поради слабиот вид. Носев контактни леќи но голем проблем ми беше вадењето, дури и многу пати заспивав со нив. Благодарение на проф. д-р. Никица Габриќ и целиот тим на Систина Офталмологија, за време на интервенцијата јас бев толку опуштена како да не сум на операција. Се чувствувам фантастично! Како да имам други очи. Совршено гледам уште од моментот кога станав од операциониот стол и ги видов стрелките на часовникот. Немам зборови со кои би можела да опишам колку сум презадоволна од пристапот и односот на тимот на Систина Офталмологија. Се беше на завидно ниво. Ви Благодарам!