Logo

„Презадоволна сум од негата која ми ја пружи вашиот тим!“ Пред два месеци гледајќи ја омилената серија, забележав дека буквите од преводот на екранот не ги гледам јасно со десното око. Отидов кај матичниот лекар кој ми кажа дека имам перде. Моите ќерки на интернет страната на Систина Офталмологија ја прочитаа биографијата на д-р Златко Арнудовски и одлучивме тој да ме прегледа. После сите испитувања, следеше операцијата, која се одвиваше толку лесно, не чувствував болка, со докторот и сестрите во салата се шегувавме и многу брзо ми помина времето. На сите вас кои имате катаракта би сакала да ви порачам побрзо да ја направите интервенцијата, бидејќи нема ништо што може да го замени добриот вид.