Logo

“Престојот во Македонија го искористив за ласерска корекција на диоптрија”
“Доника колку е часот?” ме праша докторот и кога му одговорив, сфатив дека всушност јас гледам! Посебно после многу години користење на леќи и очила, бев пресреќна! Јас сум од Косово, но живеам во Финска и работам како касиерка во супермаркет, па секојдневно сум во допир со компјутер кој придонесе очите да ми се суви и да имам главоболка. Честопати заборавав да ги извадам леќите и спиев со нив. Бев запознаена со ласерската корекција, но кога дознав дека во Систина Офталмологија можам успешно да ја остранам диоптријата, решив да го искористам одморот во Македонија за да ја направам интервенцијата. Воопшто не се каам, бидејќи толку брзо се одвиваше, не ми се веруваше колку кратко трае. Само што дојдов во Систина Офталмологија атмосферата ми беше пријатна, а докторите се постојано достапни за било какви прашања. По операцијата се чувствувам одлично, го забележувам секој детал. Чувството на јасно гледање е бесценето!