Logo

„На 2 Август додека бев во мојот дом, излегов на тераса и одеднаш почнаа да ми се појавуваат како змии во очите и го изгубив видот. Се исплашив и ја повикав мојата пријателка која ме однесе уште истиот ден на Ургентен центар. Ми рекоа ништо страшно, но јас не гледав ништо со левото око особено. Се упативме наредните дена во неколку болници, и на крај ја одбравме „Систина Офталмологија“ за која имавме слушнато претходно од медиуми. Бидејки сум лице со дијабетес веќе 20 години, а од 2010 година сум на инсулинска терапија, се востанови дека дијабетесот предизвикал промени на крвните садови во очите и ми се заматил видот. Ме прегледа д-р Фанка Гилевска и детално ми ја објасни целокупната состојба и дека веднаш мора да дејствуваме за да се спречи понатамошното оштетување на крвните садови – ми беше аплицирана инекција во двете очи. Меѓутоа, тоа не ми беше единствениот проблем. Ми беше дијагностицирано и катаракта на десното око, додека пак, левото ми беше оперирано пред неколку години. Д-р Фанка Гилевска, ми објасни дека мора да правам операција катаракта за да се отстрани и овој проблем, каде го запознав и понатаму д-р Златко Арнаудовски, за да ме оперира. Прекрасен доктор навистина, ми објасни детално за самата операција, колку е брза, безболна и веднаш истиот ден завршувам. Така и беше, буквално низ разговор што се вика ме оперираше. Легнав во сала на операциониот кревет, заврши докторот за кратко и не осетив никаква болка. Сега со десното око гледам како што сум гледала пред неколку години, без проблем. Се враќам на секојдневните обврски дома, си ги гледам моите емисии и серии повторно. Многу сум задоволна од односот на сите во „Систина Офталмологија“. Сите се пријатни, насмеани, стручни и професионални, а особено сум многу благодарна на двајцата доктори д-р Златко Арнаудовски и д-р Фанка Гилевска, кои се ангажираа како тим да ми помогнат повторно да гледам.“