Logo
Bratislav Dimitrov

„Навистина сум изненаден од брзиот и ефикасен резултат...процедурата траеше многу кратко, неколку минути, за цело време бев во комуникација со докторите, дури и муабетот што го почнавме не успеавме да го довршиме бидејќи интервенцијата заврши. Не можев да се пофалам со видот кој го поседував пред операцијата....беше до толку лош што едвај го здогледував слонот во зоолошката градина. Имав еден куп очила и губев време додека ги најдам вистинските. А сега, ете така за помалце од 10 минути, работите драстично се сменија. Нема да кажам дека видот ми е одличен, за да не се урочам. Искуството во болницата беше подобро отколку во сауна, заради прекрасниот тим на доктори во Систина офталмологија.”