Logo

Долги години живеам со дијабет и знам дека тоа го оштетува видот. Но кога окото почна да ми крвари, да ми се појавуваат црни флеки, мобилниот телефон веќе не можев да го користам, а навечер веќе не можев да возам, сфатив дека морам бргу да направам нешто. Сопственикот на компанија каде работам и мојата ќерка, ми го препорачаа хируршкиот тим на Систина Офталмологија.
И навистина, после операцијата Витректомија која ми ја направија на задниот сегмент на окото, а за која знаев дека е многу тешка и сложена, јас брзо се опоравувам и повторно гледам. Само неколку дена потоа јас можев сам да возам на подолга релација. Сега, нормално работам, одлично се чувствувам и охрабрен сум да го оперирам и другото око. Им благодарам на сите во Систина Офталмологија, од се срце за грижата, негата, третманот и најважно - им благодарам што ми го вратија видот.

Мене ми помогнаа, не чекајте, и вам можат да ви го вратат видот