Logo
Aleksandra Panovska

Едвај чекам да бидам невеста без очила и леќи!

Среќна, весела и без диоптрија за најубавиот ден од мојот живот! Уште од малечка, една од моите најголеми желби беше да се разбудам и јасно да гледам. Многу ретко носам очила, скоро ич, секогаш сум со контакни леќи кои кога почнав да ги носам ми ја зголемија мојата самодоверба затоа што сметав дека конечно се ослободив од очилата. Но, реалноста е поинаква, очилата и леќите секогаш одат заедно... Пресреќна сум што можам да ја направам ласерската корекција на диоптрија кај овој љубезен и топол тим. Конечно мојот сон станува реалност... дури ме фаќа паника од возбуда!