Logo
Aleksandra Nasevska

Ласерската корекција на диоптрија ми даде сигурност....

За ласерската корекција на диоптрија можам да кажам дека ми даде еден вид на сигурност. Носев очила скоро 9 години и често не можев да најдам соодветна рамка. Во принцип, кој носи очила носи и контакни леќи, па така и јас, и често моите очи беа суви. Бев запознаена со процесот на интервенцијата и имав минимална трема што е многу нормално. Знам дека за Систина Офталмологија ова е веќе еден вид на рутинска интервенција и затоа комплетно верував во вас. На денот на интервенцијата, кога станав од операциониот стол толку бев изненадена дека гледав само со моите очи, што наместо да кажам 14:10 часот, кажав дека е 10 до 14. Мојот вид е одличен и фокусиран, се чувствувам убаво бидејќи конечно се ослободив од диоптријата која многу ме кочеше во секојдневниот и професионалниот живот.