Logo

„На 2 Август додека бев во мојот дом, излегов на тераса и одеднаш почнаа да ми се појавуваат како змии во очите и го изгубив видот. Се исплашив и ја повикав мојата пријателка која ме однесе уште истиот ден на Ургентен центар. Ми рекоа ништо страшно, но јас не гледав ништо со левото око особено. Се упативме наредните дена во неколку болници, и на крај ја одбравме „Систина Офталмологија“ за која имавме слушнато претходно од медиуми. Бидејки сум лице со дијабетес веќе 20 години, а од 2010 година сум на инсулинска терапија, се востанови дека дијабетесот предизвикал промени на крвните садови во очите и ми се заматил видот. Ме прегледа д-р Фанка Гилевска и детално ми ја објасни целокупната состојба и дека веднаш мора да дејствуваме за да се спречи понатамошното оштетување на крвните садови – ми беше аплицирана инекција во двете очи. Меѓутоа, тоа не ми беше единствениот проблем. Ми беше дијагностицирано и катаракта на десното око, додека пак, левото ми беше оперирано пред неколку години. Д-р Фанка Гилевска, ми објасни дека мора да правам операција катаракта за да се отстрани и овој проблем, каде го запознав и понатаму д-р Златко Арнаудовски, за да ме оперира. Прекрасен доктор навистина, ми објасни детално за самата операција, колку е брза, безболна и веднаш истиот ден завршувам. Така и беше, буквално низ разговор што се вика ме оперираше. Легнав во сала на операциониот кревет, заврши докторот за кратко и не осетив никаква болка. Сега со десното око гледам како што сум гледала пред неколку години, без проблем. Се враќам на секојдневните обврски дома, си ги гледам моите емисии и серии повторно. Многу сум задоволна од односот на сите во „Систина Офталмологија“. Сите се пријатни, насмеани, стручни и професионални, а особено сум многу благодарна на двајцата доктори д-р Златко Арнаудовски и д-р Фанка Гилевска, кои се ангажираа како тим да ми помогнат повторно да гледам.“

„Толку ми е убаво без очила за вид, како никогаш да не сум ги !“
Ех, каква мака имав јас со диоптријата. Замислете, не можев да дочитам кој број е автобусот, па ми се случуваше во погрешен автобус да влезам. Не можев да играм балет поради тоа што носев очила. Имав ограничувања во секој поглед, а бидејќи не сакав да ги носам, диоптријата постојано растеше. Под своја контрола ме земаа докторите од Систина Офталмологија кои на прегледот ми ги кажаа предностите на ласерската корекција на диоптрија и утврдија дека сум кандидат да ја направам. Самата помисла дека повеќе нема да треба да носам очила за вид ме возбудуваше и не можев да поверувам. Сега, неколку месеци по интервенцијата, одлично гледам и сум друга личност без долгогодишните проблеми.

„Една година по ласерската корекција, можам да кажам дека сите треба да веруваат во чуда, затоа што чудата се случуваат, а Систина Офталмологија ги исполнува. За мене како ликовен уметник чистата и јасна перцепција на погледот е многу важна. Сега, после една година од интервенцијата го гледам животот во појасни тонови и сум среќен што можам да ја бојам мојата нова приказна со нов изострен поглед без очила. И сето ова благодарение на целиот тим љубезни и мили луѓе од Систина Офталмологија кои се секогаш максимално посветени.“

Ми се расчистија дилемите и стравот и сега сум подготвен за живот без очила за вид

Заинтересиран сум да ја направам ласерската корекција веќе подолго време и многу се израдував кога дознав дека тимот на Систина Офталмологија го започнува едукативниот караван за здравјето на очите во Битола. Веднаш се пријавив затоа што сакав да дознаам повеќе детали за оваа интервенција.
Веќе 20 години носам очила за вид, леќи пробав да носам, ама ми ги сушеа очите и се вратив пак на очила. Тие ми пречат приватно од естетски причини, но и професионално како оперски пејач и сакам да се ослободам од нив.
Откако докторите ми ги разјаснија дилемите околу оваа интервенција, сфатив дека тоа не е ништо страшно и одлучив да дојдам на детален преглед на кој се процени дека сум кандидат за оваа интервенција и подготвен сум да ја направам.

„Систина Офталмологија“ наместо Дубаи беше вистински избор. Да го видиш јасно светот и без очила, во сите бои и контури, со сите свои контрасти, разноликости и убавини. Тоа е ново искуство за Васко Славковски, 35-годишен скопјанец, по операцијата за ласерска корекција на диоптријата во „Систина Офталмологија“. Васко, своите очи и видот ги доверил на тимот во оваа установа, и, како што вели, воопшто не згрешил. Веќе не е зависен од очилата, а животот без нив е полесен.
- Сега јасно го гледам светот без очила - се смее Васко.
Тој се соочувал со кратковидост. Диоптерот на едното око му бил -2,5 додека на другото -1,5.
- Бев постојано врзан со очилата - објаснува.

„ Година дена од успешната интервенција за симнување на диоптрија со ПРК метода “ Кога имав 14 години, на систематски преглед ми кажаа дека имам диоптрија -2 на левото и -3 на десното око. Требаше да носам очила, но не носев. Честопати, другарите ќе ми кажеа „Види го оној натпис онаму”, а јас ќе им одговорев „ Зарем има нешто таму, не гледам ништо”. Ех, многу лошо се чувствував кога не гледав.Откако после две години диоптријата ми се искачи на -5, почнав да носам леќи и многу ми беше мачно секое утро да ги ставам и затоа одлучив дека е време овој проблем да го решам. Преку медиумите дознав за Систина Офталмологија и отидов таму на преглед, на кој докторите ми кажаа дека најсоодветна метода за отстранување на диоптрија за мене е ПРК методата. Кога одам на контроли во нивната клиника толку пријатно се чувствувам, како дома да сум. Еве веќе година дена откако ја направив интервенцијата, јасно гледам, немам никакви проблеми со видот.

Пејачката од Идол, Лаура Крлиу  ја отстрани диоптријата.

Уште од многу мала, се сеќавам бев прво или второ одделение, ми кажаа дека треба да носам очила за вид. Не ги носев и поради тоа ми се зголеми диоптријата. На факултет, почнав да ги носам редовно, комбинирав, некогаш носев леќи, некогаш очила за вид. Многу ме нервираа очилата кога настапував тука или во Албанија, Косово. Шминката не можеше да ми дојде до израз, а имав и рефлексија на стаклата од камерите. Многу време поминувам пред камера, на сцена и за мене тоа беше голем проблем. Долго размислував да ја направам ласерската корекција на диоптрија и кога прочитав на социјалните медиуми за Систина Офталмологија, за мене тоа беше најприфатлива опција. Докторите детално ме известуваа за се’, па затоа кога дојде денот за интервенција, јас точно ги знаев чекорите и воопшто не се плашев. Воодушевена сум од пријателскиот однос на персоналот и од нивната грижа за мене, ми кажаа за се што треба, слободно да ги прашувам. Животот многу ми се поедностави, сега кога гледам чисто и без помагала.

„Само со една интервенција се ослободив од пердето и очилата!“
Долги години имав перде (катаракта). Носев очила за блиску, а најмногу ми сметаше дека од пердето не можев да читам, а јас многу сакам да читам. Од рекламите на телевизија дознав за Систина Офталмологија и без двоумење закажав преглед. При интервенцијата на катаракта, докторите ми вградија мултифокални леќи со кои сега јасно гледам на сите далечини. Значи освен што ми ја отстранија пердето со овие леќи веќе немам потреба да носам очила за вид. Не можам да ви опишам колку сум среќна поради тоа. Јас сум научена на дисциплина, така што редовно доаѓам на контроли и ги следам советите на докторите. Инаку би сакала да кажам дека за мене човечкиот однос на целиот персонал многу ми значи.