ДЕЛ ОД ГРУПАЦИЈАТА

Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

Драги пациенти,

Поминаа неколку месеци од појавата на коронавирусот, кој во голема мера влијаеше на нашите животи. За сите нас креираше за една нова реалност кон која треба да се прилагодиме и да стане наша нова сегашност. Начинот на кој работиме –  повеќето се уште од дома, како комуниницираме почнувајќи од најблиските па се до пријателите, но и начинот како го организираме нашето слободно време кое за жал е сеуште доста ограничено. 

Во целиот период од почетокот на кризата нашата болница беше отворена да ги превземе и оперира сите оние кои имаа итни очни проблеми. Нашиот тим на доктори, медицински персонал заедно со Patient Experience Office (Центар за искуство на пациенти), успеавме да обезбедиме континуирана медицинска грижа за нашите пациенти и сите оние кои им беше потребна итна помош. Развивме повеќе иновативни решенија кои ни овозможија да бидеме целосно достапни и поблиску до  нашите пациенти. 

Додека коронавирусот е се уште тука присутен меѓу нас и за жал се уште се шири, „Систина Офталмологија“ е една од најбезбедните болници денес, а стандардите за безбедност и соодветните процедури за работење, кои отсекогаш сме ги имплементирале, сега се дополнително зајакнати.

Тука, сега, со ова видео сакаме да ви покажеме што секојдневно правиме во насока на безбедноста, но и дополнително во овој период, за да ја зголемиме безбедноста на нашите вработени а со тоа и вашата и безбедноста на вашите најблиски.

Ние бевме тука цело време за вас, пружајќи ви ја потребната медицинска грижа и како што се зголемува бројот на пациентите кои доаѓаат на редовна или рутински преглед, ќе продолжиме безбедноста да ја сметаме за приоритет број еден.

Почитувајте ги мерките на Владата и придонесете за зачувување на општото здравје. 

Останете позитивни и чувајте се,
Д-р Златко Арнаудовски  
Медицински директор на „Систина Офталмологија“

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Отворивме и дежурна линија за оние лица кои имаат потреба од консултација, совет, терапија или имаат итна состојба;
  •  Работно време секој ден од 08:00 до 20:00 часот;
  • Достапен за телефонска консултација, SMS, Viber и WhatsApp.*
  • *Услугата Viber/WhatsApp повеќе не е достапна.


Искуства на пациенти за време на COVID-19